ПРЕКУ ВЕБ АПЛИКАЦИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР ЌЕ ВАДАТ НАЛЕПНИЦИ ЗА ПАРКИРАЊЕ И ЌЕ ИМ СТИГНУВААТ НА ДОМАШНА АДРЕСА

    ПРЕКУ ВЕБ АПЛИКАЦИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА ЦЕНТАР ЌЕ ВАДАТ НАЛЕПНИЦИ ЗА ПАРКИРАЊЕ И ЌЕ ИМ СТИГНУВААТ НА ДОМАШНА АДРЕСАОд јули жителите на Центар нема да треба да одат во просториите на претпијатието за да вадат налепници, туку тоа ќе го прават преку веб апликација.(Фото: ПОЦ)

    Налепниците за паркирање на паркинзите на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ (ПОЦ) ќе се вадат електронски и ќе стигнуваат на домашна адреса. Од јули, жителите на Центар нема да треба да одат во просториите на претпијатието за да вадат налепници, туку тоа ќе го прават преку веб апликација.

    „Во тек е изработката на апликација преку која граѓаните ќе се регистрираат, ќе ги внесат податоците и потоа на домашна адреса ќе им стигнуваат налепниците. Доколку некој документ или податок фали, ќе добијат порака дека треба да ја комплетираат апликацијата. На овој начин сакаме да им олесниме на граѓаните, да не мора да доаѓаат во просториите на претпријатието, туку тоа да го сторат од дома“, вели Васко Кичевски, директор на ЈП „Паркинзи Општина Центар“.

    Истата постапка ќе важи и за деловните субјекти кои ги користат паркинзите на Општина Центар.

    Од претпријатието најавија дека од април воведуваат промени во паркирањето на резидентите и на сите неправилно паркирани возила ќе им ставаат блокатори. Жителите на Општина Центар ќе можат да паркираат на сите резиденцијални паркинзи во нивната зона, но не и во друга зона. Тоа значи дека жителите на Дебар Маало можат да се паркираат на сите паркинзи кои се бележани за станари во таа зона, но не и на резиденцијалните паркинзи во Капиштец. Граѓаните пак кои не се жители на Центар не можат да се паркираат на резиденцијалните паркинзи низ цел Центар. Како неправилно паркирање ќе се смета дури и ако испратиле смс порака и платиле за паркирање.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира