Кордон специјалци се распореди пред седиштето на Студентскиот парламент на УКИМ до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Претставници на Студентскиот пленум цело попладне го блокираат влезот и ги бараат насилно грабнатите гласачки кутии од Правниот факултет. Тие на актуелниот претседател на СПУКМ Кирил Спировски му поставија ултиматим да ги поништи изборите или нема да се повлечат од зградата.
Студентите денес бираа нов претседател на СПУКМ. Изборот беше меѓу Стефан Василевски, кој има поддршка од шест матични студентски парламенти и Давор Поповски, поддржан од седум матични студентски парламенти. Гласањето се одвиваше на сите 24 факултети, а заврши во 16 часот.