УАПСЕНИ ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА ДАНОЧНА ИЗМАМА

    УАПСЕНИ ДВАЈЦА ВРАБОТЕНИ ВО ГРАД СКОПЈЕ ЗА ДАНОЧНА ИЗМАМАУтринава во барака 16 во Град Скопје имаше полиција, која ја одзеде компјутерската опрема на која се работело и ги приведе двете лица. (Фото: СДК.МК)

    Двајца вработени во Град Скопје утринава се уапсени за даночна измама, потврдија од МВР за СAKАМДАКАЖАМ.МК.

    Лицата Е.С. и Ј.С., вработени во даночното одделение, се осомничени дека правеле измама на тој начин што на странките им наплаќале помала сума на данок отколку што им е стигнато во решенијата, а во системот внесувале дека ја наплатиле целосната сума од решенијата и со тоа го оштетиле буџетот на Град Скопје.

    Утринава во барака 16 во Град Скопје имаше полиција, која ја одзеде компјутерската опрема на која се работело и ги приведе двете лица. Станува збор за најмалку десет случаи во кои е направена измама со данокот.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира