ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФФМ ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ ОСОМНИЧЕН ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕ

    ПОРАНЕШНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФФМ ИЛЧО ЃОРЃИОСКИ ОСОМНИЧЕН ЗА ДАНОЧНО ЗАТАЈУВАЊЕИлчо Ѓорѓиоски доби кривична пријава за наводна проневера на 273.000 евра (Фото: Ѓ. Личовски)

    Финансиска полиција поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓорѓиоски, кој е осомничен за даночно затајување и за фалсификување или уништување на деловни книги.

    Како што соопшти Финансиската полиција, Ѓорѓиоски во завршната сметка на ФФМ за 2017 година не извршил отпис на ненаплатени побарувања од ликвидираниот правен субјект „АД Тобако Скопје“ и од „АД Југохром Јегуновце“ во вкупен износ од 273.000 евра (16,8 милиони денари).

    „И. Ѓ. во својство на претседател на Фудбалската федерација на Македонија, во периодот од 1 јануари 2017 до 27 февруари 2018 година, со цел правниот субјект да се стекне со противправна имотна корист, свесно прикажал лажни и невистинити податоци во завршната сметка за 2017 година, кои ги поднел на 27 февруари лани до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар“, се вели во соопштението.

    Кривична пријава добила и самата Федерација, бидејќи со постапките на својот тогашен претседател незаконски се стекнала со 27.330 евра.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира