КОЛАТА НА ЕКСДИРЕКТОРОТ НА „БЕТОН – ШТИП“ 24 ЧАСА СЕ ИЗВЛЕКУВАШЕ ОД РЕКАТА ОТИЊА

    КОЛАТА НА ЕКСДИРЕКТОРОТ НА „БЕТОН – ШТИП“ 24 ЧАСА СЕ ИЗВЛЕКУВАШЕ ОД РЕКАТА ОТИЊАОд извлекувањето на возилото на ексдиректорот на „Бетон - Штип“ од реката Отиња во центарот на градот (Фото: СДК.МК)

    По речиси 24 часа од вчерашниот инцидент, дури денеска околу пладне специјални кранови го извлекоа возилото на поранешниот директор на градежното претпријатие „Бетон – Штип“ Илија Бреслиски, кој вчера заедно со возилото движејќи во рикверц од улица падна во коритото на реката Отиња во центарот на Штип.

    Тој не е повреден, нема повредени ниту минувачи по патеката покрај коритото на Отиња и тоа во време кога фреквенцијата од луѓе, пред сѐ на ученици од блиските училишта, е најголема.

    Инцидентот се случи вчера нешто по 13 часот, кога Бреслиски го ставил во погон своето возило кое било паркирано покрај кејот, тоа наеднаш почнало да оди во рикверц, се струполило долу на два метри на пешачката патека, а потоа се спуштило во најдолниот дел од коритото на реката.

    Сѐ уште не се потврдени информациите дека воланот на возилото се закочил, како и педалата од гаста, но од полицијата која извршила увид на местото на несреќата и од СВР Штип најавуваат дека по вештачењето на џипот и комплетирањето на случајот кој заврши без некои посебни последици, сепак ќе биле преземени адекватни мерки за сторен сообраќаен прекршок и предизвикување општа опасност за учесниците во сообраќајот.

    Ексдиректорот на „Бетон – Штип“ лани беше сведок во случајот „Тендери“ што го води СЈО и изјави дека тогашната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска му рекла да ја почна изградбата на Музејот на ВМРО затоа што однапред договорила тендерот да го добие „Бетон – Штип“. Оваа фирма изгради 7 објекти од владиниот проект „Скопје 2014“ за 55 милиони евра.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира