ПОЧИНА КЛАУС КИНКЕЛ, МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ГЕРМАНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОЈНИТЕ ВО ЈУГОСЛАВИЈА

    ПОЧИНА КЛАУС КИНКЕЛ, МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ГЕРМАНИЈА ЗА ВРЕМЕ НА ВОЈНИТЕ ВО ЈУГОСЛАВИЈАКинкел се залагаше за основање на Хашкиот суд и ја призна одговорноста на западот за масакрот во Сребреница (Фото: Гети)

    Клаус Кинкел, поранешниот министер за надворешни работи на Германија, почина на 82 години, потврди неговата партија Слободни демократи, на чие чело беше од 1993 до 1995 година.

    Како шеф на разузнавачката служба, министер и вицеканцелар, Кинкел оствари долга и богата политичка кариера. Тој ја вршеше функцијата министер за надворешни работи од 1992 до 1998 година, што се совпадна со крвавите војни во поранешна Југославија.

    Кинкел беше еден од поборниците за основањето на Хашкиот суд и своевремено призна дека и западните земји имаат одговорност за масакрот во Сребреница во 1995 година.

    „Во случајот на Сребреница, сите потфрлија. Одговорност за тоа имаат и НАТО и Европска Унија и Обединети нации и јас самиот, бидејќи не знаевме за тоа што се случува таму“, изјави Кинкел во интервјуто за „Дојче веле“ во 2015.

    Тој го напушти Бундестаг во 2002 година и потоа се повлече од активната политика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира