ВМРО ИЗБРИШАНО ОД МУЗЕЈОТ НА ВМРО

    ВМРО ИЗБРИШАНО ОД МУЗЕЈОТ НА ВМРОПоранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска на прес-конференција во Музејот на ВМРО по отворање на предметот на СЈО „Тендери“ (Фото: СДК.МК)

    Владата на денешната седница ги утврди новите имиња на институциите финансирани од буџетот, согласно Договорот од Преспа и уставните измени за новото име Северна Македонија и притоа го смени и името на т.н. Музеј на ВМРО.

    Официјалното име на музејот досега беше Музеј на македонската борба за државност и самостојност – Музеј на Внатрешната македонска револуционерна организација и музеј на жртвите на комунистичкиот режим, а отсега ќе биде Музеј на македонската борба за самостојност.

    Музејот беше основан со одлука на Владата во 2008 година, а пуштен во употреба на 8 септември 2011 година. Неговата изградба чинеше 17 милиони евра и во него, меѓу другото, има 109 восочни фигури од личности од македонската историја.

    За изградбата на музејот се води судска постапка против поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска. Таа е обвинета за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување за местење на тендер.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира