ХУЛИГАНИ ГО НАПАДНАА РАКИТИЌ ДОДЕКА ОДМОРАШЕ СО СЕМЕЈСТВОТО

    ХУЛИГАНИ ГО НАПАДНАА РАКИТИЌ ДОДЕКА ОДМОРАШЕ СО СЕМЕЈСТВОТО

    По разочарувањето на Европското првенство во Франција, хрватскиот фудбалер Иван Ракитиќ доживеа уште еден шок, додека се одмораше со семејство на островот Угљан.

    Ракитиќ со сопругата Ракел Маури и двете деца на прослава на Барселона

    Ракитиќ со сопругата Ракел Маури и двете деца на прослава на Барселона

    Како што јавува хрватската „Нова ТВ“, вчера на островот пристигнале шестмина хулигани и се упатиле кон вилата во која престојуваше ѕвездата на Барселона. Откако дошле до вилата, почнале да гаѓаат со камења и притоа ги искршиле сите прозорци и вратата, по што се разбегале. Испаничениот Ракитиќ, сопругата Ракел и двете деца биле внатре додека траел нападот и, за среќа, поминале без повреди, но потоа во рок од половина час си заминале од островот со глисер.
    Хрватската фудбалска репрезентација беше една од најдобрите во фазата на групи на Европското првенство во Франција, освојувајќи го првото место во групата Д по победите над Турција и Шпанија и ремито со Чешка. За време на натпреварот со Чешка, хрватски хулигани предизвикаа прекин во финишот, откако фрлија факели на теренот и се тепаа меѓу себе на трибините.
    Во осминафиналето, Хрватска загуби од Португалија со 1:0 по продолженија. 28-годишниот Ракитиќ настапи на сите четири натпревари на Хрватска на турнирот во Франција, a беше прогласен за најдобар играч на натпреварот против Чешка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира