ЧАВКОВ ЌЕ ЈА ДОЧЕКА ПРЕСУДАТА ЗА 27 АПРИЛ ВО ПРИТВОР

    ЧАВКОВ ЌЕ ЈА ДОЧЕКА ПРЕСУДАТА ЗА 27 АПРИЛ ВО ПРИТВОРЗа ексдиректорот на БЈБ Митко Чавков, од обвинителството имале сознанија дека планира да бега. (Фото: СДК.МК)

    На поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков му е одреден притвор во траење од 30 дена поради опасност од бегство и од пред половина час е во затворот во Шутка, потврдија од затворот за САКАМДАКАЖАМ.МК.

    Чавков е еден од обвинетите за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за нападот на Собранието на 27 април, предмет за кој главната расправа е завршена и е закажано рочиште за објавување на пресудата во петок.

    „По добиени сознанија и поради страв дека обвинетиот ќе се даде во бегство и ќе се крие со цел да ја избегне кривичната одговорност, обвинителството побара од Основниот суд Скопје 1 – Скопје да му биде определена мерка – Притвор. Кривичниот совет го прифати предлогот на обвинителството и на обвинетиот со Решение му определи мерка – Притвор во траење од 30 дена“, соопштија од Јавното обвинителство.

    Чавков веќе беше притворен за истиот предмет, но беше пуштен на 23 април 2018 да се брани од слобода со гаранција во недвижен имот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира