НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ГОВЕДА СЕ УБИЕНИ, СТОЧАРИТЕ БАРААТ НОВИ КРАВИ НАМЕСТО ОШТЕТА

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:317:"Неофицијално,заеднакравадржаватанудисамопо400евра,иаконивнатареалнаценавозависностодсортатаможедаеитрипатиповисока.Досеганикојнедобилобесштетување.";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ГОВЕДА СЕ УБИЕНИ, СТОЧАРИТЕ БАРААТ НОВИ КРАВИ НАМЕСТО ОШТЕТА

    Откриени се првите случаи на заболен добиток од јазлеста кожа и во кумановско. Десетина болни говеда се регистрирани во селата Орашац, Клечовце, Старо Нагоричане и липковското село Гошинце.
    Екипи на Државниот ветеринарен инспекторат се на терен и работат на уништување на заразениот добиток за да се спречи ширењето на болеста. Паралелно се врши и вакцинација на добитокот.
    Агенцијата за храна и ветеринарство, минатата недела соопшти дека се набавени 250 илјади дози од вакцината за превенција од болеста кај говедата. Тогаш најавија дека по веќе изготвен акциски план ќе се започне со превентивното вакцинирање на сите говеда на територијата на цела Македонија.
    Вакцините против јазлеста кожа се дефицитарни и ги произведува само една компанија во светот од јужна Африка. Од Агенцијата објаснија дека вакцината е практично жив, но ослабен вирус, и не смее да се става на животните во земји каде што нема потврдени случаи на заболени животни, бидејќи има опасност од внесување на болеста.
    Ветеринарите немаат искуство со оваа вакцина и велат дека по шест месеци говедата мора да се ревакцинираат, за болеста да не се врати идната година, но од Агенцијата за храна и ветеринарство не соопштуваат дали е планирана набавка и на следна тура вакцини.
    Сточарите во кумановско се жалат дека трпат големи загуби поради тоа што добиточниот пазар е затворен поради појава на болеста,  па немаат каде да го продаваат и останатиот добиток.
    Болните животни се убиваат и се закопуваат во јами.
    Дополнителен проблем е и висината за обештетување на животните. Неофицијално, за една крава државата нуди само по 400 евра, иако нивната реална ценам во зависност од сортата може да е и три пати повисока. „Обесштетувањето е прениско“, велат сточарите и бараат државата да им купи нови крави. До сега никој не добил обесштетување.
    Првиот случај на јазлеста кожа во Македонија  се појави на 18 април годинава во Демир Капија и беше лабораториски потврден по четири дена, на 22 април. За три месеци болеста се прошири во речиси сите региони во државата.
    Засега нема официјална бројка колку крави се убиени, а проценките на Агенцијата за храна и ветеринарство се дека до крајот на годинава од јазлеста кожа ќе заболат околу 3.000 говеда.

    Болеста јазлеста кожа е вирусно заболување и не постои ризик да се пренесе на луѓето. Се работи за тропска болест која се појави во Источна Македонија, а потоа се прошири на останатите делови во државата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира