ДОМАШНИТЕ ТРКАЧИ АЛЕКСАНДАР СТОЈКОСКИ И САЊА НАЈДОВСКИ ТРИУМФИРАА НА ВТОРИОТ МАРАТОН ВОДНО-МАТКА

    ДОМАШНИТЕ ТРКАЧИ АЛЕКСАНДАР СТОЈКОСКИ И САЊА НАЈДОВСКИ ТРИУМФИРАА НА ВТОРИОТ МАРАТОН ВОДНО-МАТКАНа годинашниот „Водно-Матка трејл“ учествуваа околу 400 тркачи од 20 земји

    Александар Стојкоски од Прилеп триумфираше и на второто издание на маратонот Водно-Матка, што се трчаше вчера.

    Стојкоски постигна време од 4:42:35 часа, стигнувајќи на целта повеќе од половина час побрзо од второпласираниот Аслан Елези од Косово (5:19:51). Како трет финишираше Виган Хоџа.

    Во женска конкуренција најбрза беше Сања Најдовски со време од 6:42:26 часа, пред Бугарката Теодора Захариева (6:51:28) и Катерина Шиповиќ (7:27:12).

    Од 108 учесници, 102 ја завршија трката во предвидениот рок од 11 часа.

    На полумаратонската трка на 26 километри триумфираа Марјан Бонев (2:29:11) и Србинката Марија Ѓорѓевиќ (3:28:08).

    На годинашниот „Водно-Матка трејл“ учествуваа околу 400 тркачи од 20 земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира