КОЛА ПАДНА ВО ЕЗЕРО ОД КЕЈОТ ВО ОХРИД

    КОЛА ПАДНА ВО ЕЗЕРО ОД КЕЈОТ ВО ОХРИДСпоред неофицијални информации, автомобилот бил управуван од охриѓанка, која се паркирала на кејот и заминала да пие кафе во локалните кафулиња. (Фото: СДК.МК)

    Кола падна во езерото утрово на Кејот Македонија во Охрид. Според првичните информации на дописникот на САКАМДАКАЖАМ.МК нема повредени.

    Полицијата е на местото на несреќата. На кејот има и повеќе минувачи на кои не им е јасно како колата со охридски регистарски таблички се нашла в езеро.

    Според неофицијални информации, автомобилот бил управуван од охриѓанка, која се паркирала на кејот и заминала да пие кафе во локалните кафулиња. Неофицијално како што кажуваат очевидци, автомобилот почнал да се движи и завршил в езеро.

    И покрај тоа што станува збор за личен пропуст на шоферот, сепак СВР ќе ги разгледа и снимките од надзорните камери на угостителските објекти.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира