ЛИБИЈА НА ПРАГОТ НА НОВА ВОЈНА, ГЕНЕРАЛОТ ХАФТАР ТРГНА НА ТРИПОЛИ

    ЛИБИЈА НА ПРАГОТ НА НОВА ВОЈНА, ГЕНЕРАЛОТ ХАФТАР ТРГНА НА ТРИПОЛИЛибиската национална армија веќе освои град на 80 километри до Триполи (Фото: Гети)

    Либија е на прагот на нова општа војна, осум години по падот на Моамер Гадафи, откако командантот на Либиската национална армија (ЛНА), која го контролира истокот на земјата, им нареди на своите трупи да тргнат на Триполи и да ја соборат тамошната меѓународно призната влада.

    За да се спречи ова, генералниот секретар на Обединети нации Антонио Гутиереш најави дека ќе се сретне со фелдмаршалот Халифа Хафтар, чии сили веќе го зазедоа градот Гарјан, 80 километри јужно од Триполи, но нивниот напад на контролна точка на 30 километри до главниот град беше одбиен.

    Доаѓаме во Триполи! Тргнуваме во победнички марш, кој ќе ја затресе земјата под нозете на неправедната банда“, изјави Хафтар.

    Тој им порача на своите војници да не пукаат во цивили, ниту во борците кои ќе се предадат.

    Министерот за внатрешни работи Фати Басага изјави дека неговата влада нема намера да се повлече, додека милициите од западните градови Завија и Мисрата објавија дека се мобилизираат за да се соочат со Хафтар.

    Либија е поделена на две ривалски фракции, од кои една го поддржува Хафтар на исток, а другата е лоцирана на запад во Триполи, што ја вклучува и владата на Фајез ал-Сараџ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира