ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ ЗАЕДНО СО УЧЕНИЦИ ИСЧИСТИЈА КУПИШТА ЃУБРЕ НА СТРАЖА

    ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ ЗАЕДНО СО УЧЕНИЦИ ИСЧИСТИЈА КУПИШТА ЃУБРЕ НА СТРАЖАНа потегот од превојот Стража до раскрсницата Маврово-Кичево беа собрани купишта ѓубре.(Фото: Општина Маврово и Ростуше)

    Општина Маврово и Ростуше, ЈПКД „Маврово“ и учениците од средното општинско училиште денеска организираа акција за чистење на ѓубрето на Стража. На потегот од превојот Стража до раскрсницата Маврово-Кичево беа собрани купишта ѓубре.

    „Апелираме до сите граѓани, посетители на нашиот регион, туристи како и сите оние кои од било какви причини поминуваат на територијата на нашата Општина да се воздржат од фрлање на отпадоци“, рече градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски.

    Во текот акцијата која трае цела недела Општината исчисти и неколку диви депонии.

    Превојот Стража постојно е затрупан со ѓубре. Корпите се преполни, а ѓубре, кеси, шишиња има на сите страни.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира