И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА ТУРИСТИТЕ ВО ДОЈРАН И ДЕНЕСКА СЕ КАПАТ ВО ЕЗЕРОТО

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Дојран(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    И ПОКРАЈ ЗАБРАНАТА ТУРИСТИТЕ ВО ДОЈРАН И ДЕНЕСКА СЕ КАПАТ ВО ЕЗЕРОТО

    Туристите во Дојран и денеска се капат во езерото, иако последните анализи од пред една недела направени во Центарот за јавно здравје Велес покажале дека водата на 4 мерни места е загадена.

    Општина Дојран најави дека ќе ги почитува насоките на Државниот здравствен и санитарен инпекторат и на четирите плажи во Дојран кои беа посочени дека имаат бактериолошки неисправна вода нема да го дозволи капењето, но туристите се капат.

    Фото: СДК.МК

    Дојран денеска – Фото: СДК.МК

    Вчера еден брачен пар од Гевгелија правеше крштевка на третото дете баш во езерото, убедени дека водата не е штетна по здравјето на нивното бебе, а локалниот свештеник кој влезе во водата сосе мантија ги повика туристите без страв да се капат во езерото, порачувајќи дека водата нема никаква опасност по здравјето.

    Еден граѓанин пред камерата на Канал 5 телевизија пиеше вода од езерото за да докаже дека е здрава.

    Забраната за капење во Дојран важи за четири плажи. Можни причинители за бактериолошката неисправност на водата се дивите приклучоци по должината на неколку помали реки и потоци кои се влеваат во езерото.

    Екипи на локалното комунално претпријатие и општинскиот инспекторат најавија скенирање на сотојбата со колекторскиот систем како и можните диви приклучоци кои се влеваат во езерото, а градоначалникот Борче Стамов изјави дека мостри за анализа пратил  во референтна лабораторија во Грција.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира