Координираните велигденски напади во цркви и луксузни хотели во Шри Ланка се изведени од седуммина бомбаши-самоубијци, соопшти владината истрага. Анализата на деловите од телата на напаѓачите покажа дека станува збор за бомбаши-самоубијци и дека секој напаѓал сам, освен во хотелот „Шангри-Ла“ каде биле двајца.
Во најсмртоносните напади по крвавата граѓанска војна што ја запусти Шри Ланка и заврши пред десет години загинаа 290 луѓе, а ранети се 500.
Пoлицијата истражува и дали разузнавачките служби имале предупредувања за можни напади. Двајца министри алудираа дека станува збор за пропуст на разузнавачките служби, од кои еден кажа дека татко му разбрал оти има можност за напади и го предупредил да не влегува во популарните цркви.
Министерот за одбрана го опиша нападот како терористички чин од религиозни екстремисти, полицијата кажа дека се уапсени 13-мина, иако се уште никој не ја презеде одговорноста.