СОБРАНИЕТО СЕПАК БЕЗ РАСПРАВА ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА СУДСКИ СОВЕТ

    СОБРАНИЕТО СЕПАК БЕЗ РАСПРАВА ГО ИЗГЛАСА ЗАКОНОТ ЗА СУДСКИ СОВЕТНа почетокот на седницата, пратениците на ДУИ го искористија Закон за Судски совет да упатат критики за судството. - Од денешната собраниска седница (Фото: К. Попов)

    Со 62 гласа „за“, Собранието попладнево без расправа го усвои дополнетиот предлог закон за Судски совет, кој беше преместен од втора точка на крај од дневниот ред.

    На почетокот на седницата, пратениците на ДУИ го искористија овој закон да упатат критики за судската одлука во врска со оставката на поглаварот Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Сулејман Реџепи, кој пак тврди дека не дал никогаш оставка.

    Истиот закон беше искористен од ДУИ за критика на судството и на вчерашните пресуди од 19 години за двајцата кои беа обвинети дека свирепо го убиле Никола Саздовски.

    Пред гласањето за оваа точка на дневниот ред имаше пауза и координација на барање на координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митревски.

    Претходно беа изгласани законите кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира