ОД ЗАМОР ПОЧИНАЛЕ 272 ЧЛЕНОВИ НА ИЗБИРАЧКИТЕ ОДБОРИ КОИ РАЧНО ГИ БРОЈАТ ГЛАСОВИТЕ ПО ИЗБОРИТЕ ВО ИНДОНЕЗИЈА

    ОД ЗАМОР ПОЧИНАЛЕ 272 ЧЛЕНОВИ НА ИЗБИРАЧКИТЕ ОДБОРИ КОИ РАЧНО ГИ БРОЈАТ ГЛАСОВИТЕ ПО ИЗБОРИТЕ ВО ИНДОНЕЗИЈАНа изборите на 17 април, за првпат во земјата од 260 милиони жители се гласаше и за претседател и за пратеници во националното и регионалните собранија, за да се смалат трошоците. (Фото: Ројтерс)

    Десет дена откако во Индинезија се одржаа најголемите избори во еден ден во светот, починале над 270 членови на избирачки одбори, главно од последици на замор поради долготрајната работа на рачно броење милиони гласачки ливчиња, соопштија властите.

    На изборите на 17 април, за првпат во земјата од 260 милиони жители се гласаше и за претседател и за пратеници во националното и регионалните собранија, за да се смалат трошоците.

    Гласањето беше главно мирно, со излезност од 80 проценти од вкупно 193 милиони гласачи, кои требаше да заокружат 5 гласачки ливчиња во над 800.000 гласачки места. Но спроведувањето на 8-часовното гласање во земјата која што се протега на над 5.000 километи од нејзината западна до источната страна, стана смртоносен потфат за властите кои треба рачно да ги избројат гласачките ливчиња. До синоќа починале 272 членови на избирачки одбори, а 1.878 се разболеле, соопшти Државната изборна комисија.

    Се очекува Комисијата да ги соопшти конечните резултати од изборите на 22 мај.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира