19-годишникот од Калифорнија, уапсен ноќеска за пукањето во синагога близу Сан Диего, тврди дека бил инспириран од нападот на две џамии во Нов Зеланд минатиот месец. Полицијата во САД соопшти дека напаѓачот, именуван како Џон Ернест, пукал внатре во синагогата во Повеј, убивајќи едно лице и ранувајќи тројца други, вклучувајќи го и рабинот.
Осомничениот Ернест на интернет форумот „8чан“ објавил антисемитско отворено писмо пред нападот на синагогата, слично на документот објавен од Брентон Тарант, кој на 15 март уби 50 луѓе во вооружен напад на две џамии во Крајстчрч Нов Зеланд.
Во писмото, Ернест со пофалби зборува за нападот на Тарант и тврди дека подметнал пожар во џамија во Калифорнија, една недела по пукањето во Крајстчрч.