СУДСКИОТ СОВЕТ НЕ ДОЗВОЛУВА ОСОМНИЧЕНИОТ СУДИЈА МУСТАФА ШАХИНИ ДА ОДИ ВО ПРИТВОР

    СУДСКИОТ СОВЕТ НЕ ДОЗВОЛУВА ОСОМНИЧЕНИОТ СУДИЈА МУСТАФА ШАХИНИ ДА ОДИ ВО ПРИТВОРСудскиот совет одлучил да му го одземе имунитетот на судијата, но не и да биде притворен. (архивска фотографија)

    Судскиот совет на Република Северна Македонија забрани осомничениот судија Мустафа Шахини кој се сомничи дека со злоупотреби на функцијата ја оштетил државата со над 200.000 евра, да оди во притвор.

    На итна седница денеска, на барање на Основниот суд Скопје 1 пред чиј судија на претходна постапка излезе обвинител со барање за притвор за судијата Шахини, Судскиот совет одлучил да му го одземе имунитетот, но да не биде притворен.

    “Судскиот совет донесе одлука со која го одзема имунитетот на судија, заради непречено водење на кривичната постапка. Донесена е Одлука со која не се одобри барањето за определување на мерката притвор за судијата”, соопшти Судскиот совет.

    Распитот пред судија на претходна постапка за оваа најнова истрага на Обвинителството за организиран криминал, продолжува в понеделник.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира