СУДИИТЕ ПРЕД БАНКРОТ, НЕМААТ ПАРИ НИ ЗА СИСТЕМАТСКИ ЗДРАВСТВЕН ПРЕГЛЕД

a:2:{s:11:"td_subtitle";s:416:"ПоранешниотпретседателнаСудскиотсоветБранкоУшковскигиизвестувапратеницитедекаданесестранцитеинивнатапомош,немадаиманабавкаинановикомпјутери,азасудиитенемапаринизазадолжителенздравственпреглед";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СУДИИТЕ ПРЕД БАНКРОТ, НЕМААТ ПАРИ НИ ЗА СИСТЕМАТСКИ ЗДРАВСТВЕН ПРЕГЛЕД

    Судиите минатата година не биле на систематски преглед, стои во Извештајот на Судскиот буџетски совет кој e поднесен до Собранието.  Со тоа Законот е скршен,  се наведува во документот потпишан од  сега пензионираниот претседател на Судскиот Совет Бранко Ушковски.
    Поради немање пари во судството, на систематски здравствен преглед не отишле ни членовите на Судскиот совет. Од околу три илјади корисници на судскиот буџет, прегледани се и сертификати за работоспособност за 2015 година имаат само вработените во Академијата за судии и јавни обвинители.
    “Поради недоволно обезбедени средства во буџетот на судската власт единките корисници на судската власт не се во можност да постапат по одредени обврски кои се законски дефинирани: замена на компјутерската опрема во рок,  доградба на софтверските програми од средства на судскиот буџет,  дејствија кои треба да се преземат за заштита на личните податоци согласно Законот за заштита на лични податоци во судовите, но поради недоволно обезбедени средства во буџетот судовите не можат да ги реализираат, натаму не се извршени систематски прегледи на вработените во судската власт (освен Академијата за судии и јавни обвинители) , не се обезбедени средства за набавка на опрема и оружје на судската полиција, не се врши редовно тековно одржување на различните системи на инсталации и други постројки во судските згради“, навел Ушковски во годишниот извештај.
    Систематски преглед е задолжителен за секој вработен и освен пакет за контрола на општата здравствена состојба, подразбира и разговор со невропсихијатар, кој исто така дава мислење за способноста на лицето да работи или да ја извршува функцијата.
    Ушковски наведува и повеќе случаи кај што направил заштеда , а еден од тие е што ги ставил судиите бесплатно за зборуваат на мобилен “во круг“.
    “Судскиот совет на РМ спроведе набавка за мобилни телефони што овозможи големи заштеди преку бесплатните телефонски разговори во мрежата на судската власт“, се отсликува натаму финансиската состојба и зависноста на судската власт во поднесениот Извештај до Парламентот.
    Владата на судската власт лани  и одобрила само 56 отсто од тоа што го побарала за интернет, струја, огрев, вода… па затоа во извештајот сликовито е објаснето дека не може туку-така да се кратат пари во судството за оваа ставка. “Тонското снимање во судниците, како и воведената компјутеризација и софтверските решенија со помош на УСАИД,  предизвикаа зголемена потрошувачка на електрична енергија“, известува Ушковски.
    Ушковски, кој  по функција беше и претседател на Судскиот буџетски совет, во извештајот ги потсетува пратениците и дека да не се странците и нивната помош, набавка на нови компјутери нема.
    “Компјутерската опрема во судовите е застарена и недоволна на потребите на судовите и воведените софтверски решенија. Со судскиот буџет изминатите години не се обезбедува доволно средства за замена на постоечката компјутерска опрема. Зависноста на судската власт од странски донации од аспект на набавка на нова компјутерска опрема и набавка и доградба на софтверски програми беше евидентна и во 2015 година“, наведува тој.
    Вкупниот буџет на судската власт за 2015 година изнесуваше 1.853.691.000 денари, но предлог буџетското барање изнесуваше 2.305.500.000 денари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира