ГРАД СКОПЈЕ УТРЕ ЌЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИ

    ГРАД СКОПЈЕ УТРЕ ЌЕ ПРСКА ПРОТИВ КОМАРЦИОд кабинетот на градоначалникот Петре Шилегов велат дека минатата недела е почнато прскањето против ларви од комарци од земја, а првото авионско прскање против возрасни форми за комарци ќе се изврши кон средината на мај.- Авионот Партенавија П68 со кој што беше извршено прскањето против комарци во Скопје на 8 јули 2018 (Фото: Ј. Стефанов)

    Центарот за управување со кризи соопшти дека Град Скопје утре во раните утрински часови ќе прска против комарци.

    „Од Град Скопје известуваат дека утре во раните утрински часови ќе се изврши првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин“, велат од ЦУК.

    Лани прскањето против комарци почна со еден месец задоцнување односно наместо на почетокот на јуни со авионско прскање се почна на 3 јули. Тогаш од кабинетот на Шилегов рекоа дека имале индиции дека средството кое се користи е штетно, па затоа нарачале да се направи анализа и испитување.

    Поради доцнењето во Скопје лани имаше масовна појава на комарци.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира