Павилјонот на Литванија и американскиот уметник Артур Џафа се годинашните добитници на Златен лав на Венециското биенале на уметност. Делото на Џафа, наградено како најдобар учесник на централната изложба „Да живееш во интересни времиња“, ги истражува американските меѓурасни односи, а литванскиот павилјон, со делото „Сонце & море“ чии авторки се три уметнички меѓу кои и документаристката Ругиле Барджиукаите, на суптилен, изненадувачки и емотивен начин ги истражува надвиснатите опасности од климатските промени.
Сребрениот лав за најдобар млад уметник на централната изложба го освои 39-годишната Харис Епаминонда од Берлин, родум од Кипар за 30-минутното видео „Химера“. И павилјонот на Белгија доби специјално признание, за надреалната инсталација на Јос де Гритер и Харалд Тајс од моторизирани кукли кои претставуваат ликови од патријархална Европа.
Македонскиот павилјон во Венеција го претставува делото „Субверзија во црвено“ на Нада Прља.