ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ГОНИ ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧНИОТ СУД ПАНЧЕВСКИ, СИ ГО ВРАБОТИЛ ВНУКОТ БЕЗ ДА СЕ ПРИЈАВИ НА ОГЛАС, ЗАКЛУЧИ АНТИКОРУПЦИСКА

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ГО ГОНИ ЕКСПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КРИВИЧНИОТ СУД ПАНЧЕВСКИ, СИ ГО ВРАБОТИЛ ВНУКОТ БЕЗ ДА СЕ ПРИЈАВИ НА ОГЛАС, ЗАКЛУЧИ АНТИКОРУПЦИСКАКомисијата утврдила дека поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Панчевски ја злоупотребил службената положба, што е кривично дело. - Панчевски со адвокати пред Скопското обвинителство во март 2018 (Фото: СДК.МК)

    Антикорупциската комисија ќе поведе иницијатива за покренување постапка пред Скопското јавно обвинителство зашто утврдила злоупотреба на службена положба и овластувањата кај поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1 Владимир Панчевски.

    На денешната седница на Комисијата беше кажано дека Јордан Тасевски, внук на Панчевски, бил примен на работното место помлад судски соработник, иако воопшто не бил пријавен на огласот на кој уредно се пријавиле 155 кандидати.

    „Панчевски ги надминува неговите надлежности. Тоа е незаконско постапување. Не е во прашање непотизам, туку злоупотреба на службена положба”, рече Катица Николовска, член на Комисијата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира