СТОТИЦИ ГЕЈ ДВОЈКИ СЕ ВЕНЧАА ВО ТАЈВАН ОТКАКО НА СИЛА СТАПИ НОВИОТ ЗАКОН

    СТОТИЦИ ГЕЈ ДВОЈКИ СЕ ВЕНЧАА ВО ТАЈВАН ОТКАКО НА СИЛА СТАПИ НОВИОТ ЗАКОНПарламентот на Тајван го усвои историскиот закон минатата недела (Фото: Ројтерс)

    Стотици геј двојки се венчаа во Тајван откако на сила стапи новиот закон кој дозволува истополови бракови.

    Десетици новинари и фоторепортери ги исполнија просториите на матичната служба во Тајпеј, во очекување на моментот Тајван да стане првата азиска земја која озаконила брак помеѓу хомосексуалци.

    Марк Јуан и Шејн Ли, по 12 години врска, први го добија сертификатот дека се венчани.

    „Ова е неверојатно постигнување за Тајван и среќен сум што добив благослов од моите пријатели и семејство. Сè уште се сеќавам колку ми беше страв кога пред десетина години излегов на првата геј парада во Тајпеј, а сега слободно, пред цел свет и сите овие камери, можам да кажам што сум“, изјави Лин.

    Се очекува околу 300 двојки да се регистрираат во текот на денот.

    Парламентот на Тајван го усвои историскиот закон минатата недела, две години откако уставниот суд пресуди во полза на истополови бракови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира