АВСТРИСКИОТ ПАРЛАМЕНТ МУ ИЗГЛАСА НЕДОВЕРБА НА КАНЦЕЛАРОТ КУРЦ

    АВСТРИСКИОТ ПАРЛАМЕНТ МУ ИЗГЛАСА НЕДОВЕРБА НА КАНЦЕЛАРОТ КУРЦСебастијан Курц помина неочекувано добро на вчерашните избори за Европскиот парламент со 35% од гласовите, но тоа не беше доволно да се спаси. (Фото: Ројтерс)

    Австрискиот парламент денеска го разреши канцеларот Себастијан Курц и неговата влада. Неговиот поранешен коалиционен партнер ФПО го поддржа предлогот за гласање недоверба на опозициската СПО. ФПО се наоѓа среде политички скандал предизвикан од тајно видео, поради што и се распадна коалицијата. Австрискиот претседател сега мора да одлучи кој ќе биде канцелар. Новиот канцелар ќе ја предводи привремената влада до изборите во септември.

    Курц, лидер на конзервативната Австриска народна партија, е првиот канцелар на кого му била изгласана недоверба по Втората светска војна. Опозициската СПО, која има само 52-ца пратеници од вкупно 183 доби поддршка од 51 пратеник, колку што има ФПО и тоа беше доволно да се собори владата на Курц.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира