ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОД КИЧЕВО ЌЕ ГО ГОНИ ЕЛ ЧЕКА ВО ЧИКАГО

    ОБВИНИТЕЛСТВОТО ОД КИЧЕВО ЌЕ ГО ГОНИ ЕЛ ЧЕКА ВО ЧИКАГООд ОЈО Скопје велат дека лицето Ел Чека е со адреса на живеење во кичевското село Турин, но дека кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД, каде преку неговиот Фејсбук профил неовластено објавува снимани материјали. (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Основното јавно обвинителство Кичево е надлежно да го гони лицето со псевдоним Ел Чека на Фејсбук, кое објавува прислушувани разговори од актуелни и поранешни функционери на социјалната мрежа, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје. Против Ел Чека, кој е со адреса на живеење во кичевското село Турин, а живее во Чикаго, САД, се поднесени кривични пријави за Неовластено прислушкување и тонско снимање и Неовластено снимање.

    „Имајќи ја предвид итноста за заштита на правата на оштетените, Основното јавно обвинителство Скопје на 31 мај годинава, изготви и достави барање за меѓународна правна помош со цел обезбедување на потребни податоци од профилот на социјалната мрежа. Воедно, обвинителството побара од надлежните органи во САД да преземат законски дејствија во насока спречување на натамошно објавување на сниманите материјал“, се вели во соопштението на Основното јавно обвинителство Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира