Адвокатот Иван Лотески, кој е познат како фаќач на светиот крст за време на Богојавление, е нов шеф на кабинетот на охридскиот градоначалник Константин Георгиески.
Тој доаѓа на местото на Илија Пиперкоски, досегашниот шеф на кабинетот на градоначалникот, задолжен за односи со јавноста.
Пиперкоски на ова функција беше назначен во времето на покојниот градоначалник Јован Стојаноски и во негово време се случи Стојаноски да чита поздравен говор на значаен собир, кој веќе го читал неговиот претходник Никола Бакрачески. Неговиот гаф беше објавен и во светските медиуми, пред сѐ „Би-Би-Си“.
Д. ЧУБРИЌ