Гумите кои ги купивме се за три блиндирани возила, не само за мерцедесот на Никола Груевски, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Пеце Мирчески.
Владата склучи два договори за набавка на гуми за владините возила. Првиот договор е за блиндирани коли и за нив се платени 53.000 евра, а вториот од 14.500 евра е за гуми за стандарди возила.
„За оваа цена набавени се зимски и летни гуми. Нормално дека за блиндирани возила цената на гумите е повисока. За да може да се во функција возилата потребно е да имаме резервни гуми. Во мерцедесот на Груевски не се вози никој од Владата, тој се користи само кога во земјава имаме високи странски гости“, вели Мирчески.
За набавката на мерцедесот од 600.000 избеганиот Никола Груевски, беше осуден на две години затвор.
А. АНТЕВСКА