ЊУЈОРК ГО ЗАБРАНИ НЕВАКЦИНИРАЊЕТО ОД ВЕРСКИ ПРИЧИНИ СРЕДЕ ЕПИДЕМИЈАТА НА МАЛИ СИПАНИЦИ

    ЊУЈОРК ГО ЗАБРАНИ НЕВАКЦИНИРАЊЕТО ОД ВЕРСКИ ПРИЧИНИ СРЕДЕ ЕПИДЕМИЈАТА НА МАЛИ СИПАНИЦИПоголемиот дел од епидемијата во Њујорк се случува во локални ортодоксни еврејски заедници (Фото: Гети)

    Њујоршките власти ги укинаа верските исклучоци за вакцинирање на улилишни деца, додека државата се бори со епидемија на мали сипаници. Изгласувањето на одлуката беше проследено со хаотични сцени, откако градските пратеници влегоа во конфликт со поддржувачите на невакцинирањето.

    Поголемиот дел од епидемијата се случува во локални ортодоксни еврејски заедници и од почетокот на 2019, во САД се регистрирани повеќе од 1.000 заразени со мали сипаници, што е најмногу во последните 27 години. САД во 2000 година ги имаа искоренето малите сипаници, но здравствените власти велат дека болеста се враќа.

    Според новиот закон, родителите веќе не смеат да се повикуваат на верата за да не ги вакцинираат своите деца.

    „Колку што знам, во ниту една верска книга не се спомнува ништо за забраната за вакцинирање“, изјави демократскиот пратеник од Бронкс, Џефри Диновиц.

    Гувернерот Ендрју Куомо го потпиша законот само неколку часа откако беше донесен.

    „Науката е кристално јасна. Вакцините се безбедни и ефективни, единствен начин нашите деца да бидат безбедни“, изјави тој.

    Претходно, и Калифорнија, Мисисипи, Западна Вирџинија и Мејн забранија немедицински изговори против вакцинирањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира