ГРАД ГОЛЕМ КОЛКУ ОРЕВ ГО УНИШТИ РОДОТ ВО ПЕЛАГОНИСКОТО СЕЛО ЕГРИ

    ГРАД ГОЛЕМ КОЛКУ ОРЕВ ГО УНИШТИ РОДОТ ВО ПЕЛАГОНИСКОТО СЕЛО ЕГРИЗемјоделците велат дека штетите на некои култури се стопроцентни (Фото: СДК.МК)

    Невреме со град вчера го зафати пелагониското погранично село Егри, нанесувајќи голема штета врз градинарските и житните култури.

    „Вчера по 16 часот нѐ погоди голема несреќа, сѐ што имавме посадено и посеано е уништено. Град голем колку орев врнеше 45 минути. Невидено досега. Зафати околу 200 хектари од полето“, се пожали Манојле Ристевски, жител на Егри.

    Жителите на селото раскажуваат дека градот им ги оштети пиперките, бостанот, пченката, пченицата, јачменот…

    „И други години имало фатено, но на помала површина. Ова вчера оштети две третини од полето. Пиперките се сто проценти оштетени, пченицата 70-80 проценти, јачменот можеби во целост, а и пченката е многу оштетена“, рече Славе Стефановски од Егри.

    Претставници на локалната власт и надлежни за земјоделство излегоа на терен. Комисијата за утврдување на штети од невреме и елементарни непогоди ќе објави јавен повик за земјоделците да ги пријават штетите, по што ќе следува и проценка на терен.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира