САУДИСКИОТ ПРИНЦ Е ВМЕШАН ВО УБИСТВОТО НА НОВИНАРОТ КАШОГИ, ЗАКЛУЧИ ИСТРАГАТА НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ

    САУДИСКИОТ ПРИНЦ Е ВМЕШАН ВО УБИСТВОТО НА НОВИНАРОТ КАШОГИ, ЗАКЛУЧИ ИСТРАГАТА НА ОБЕДИНЕТИ НАЦИИСаудиските власти заклучија дека убијците на Кашоги делувале сами, без наредба од принцот (Фото: АФП)

    Постојат кредибилни докази дека саудискиот принц Мохамед бин Салман и други високорангирани официјални лица се поврзани со убиството на новинарот и дисидент Џамал Кашоги, се вели во извештајот на Обединети нации.

    Кашоги беше убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул и авторката на извештајот Ањес Каламар вели дека доказите сугерираат дека треба да се спроведе дополнителна независна и непристрасна меѓународна истрага. 

    Саудиските власти зад затворени врати осудија 11-мина неименувани агенти за убиството на Кашоги и за петмина од нив беше побарана смртна казна, но притоа било заклучено дека тие делувале сами, без наредба од принцот. Сепак, Каламар вели дека судскиот процес не ги исполнил меѓународните процедури и стандарди и побара да биде поништен.

    Кашоги за последен пат беше виден на 2 октомври 2018, кога влегол во конзулатот. Јавниот обвинител на Саудиска Арабија подоцна изјави дека тој случајно бил убиен при борба со агентите, по што неговото тело било распарчено и предадено на надворешен соработник.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира