Македонија ја издаде еврообврзницата во вредност од 450 милиони евра по купонска каматна стапка од 5.625 % годишно и рочност од 7 години, соопшти вечерва Министерството за финансии.
Министерството тврди дека тоа се „исклучително поволни услови со оглед на сложената политичката ситуација во земјата“ и ја обвини опозицијата дека ако не правела злонамерни опструкции и попречувања каматната стапка ќе била поповолна, односно под 5 % годишно.
„Средствата од еврообврзницата ќе се користат за буџетски потреби во фискалните 2016 и 2017 година, како и за отплата на долгови кои доспеваат“ соопшти Министерството за финансии.