Двете спортски школи на Вип за пливање и тенис завршија. Цел месец 200 деца од цела Македонија бесплатно одеа на часови по тенис и 200 деца одеа на пливање во спортскиот центар Борис Трајковски.
Извршниот директор на оне.Вип Никола Љушев рече дека интересот за овие школи за време на распустот ја потврдиле определбата на компманијата да продолжи да инвестира во спортот.
Бесплатните Вип спортски школи се одржуваа два пати неделно во Вип базен и на Вип тениските терени во рамките на Спортскиот центар “Борис Трајковски”, а ги раководеа реномирани спортски тренери од Пливачката школа БЕТА и тренери од Тениската школа Борис Трајковски .