Бесир Алили, од македонскиот боречеки клуб „Лирија“ вчера освои златен медал на Европското кадетско првенство во Фиренца, Италија, Тој стана европски шампион во борење во категоријата слободен стил до 48 килограми, откако во финалето победи со 7-6 против Харутјун Хованисјан од Ерменија.
Ова е прв затен медал за Македонија на Европско кадетско првенство. Алили медалот го освои во драматична борба откако губеше со 0-5, за на крај да направи пресврт со 7-6.
На патот до финалето тој ги совлада Оскар Кулчицки од Полска, Андреј Витан од Молдавија и Лука Гугешашвили од Грузија.
Македонските борачи на кадетските првенства имаат освоено 8 медали. Покрај златната на Алили, има и три сребрени и четири бронзени.
На Бесир Алили, кој е член на БК Лирија, му се предвидува блескава иднина и се очекува тој во иднина да нападне и злато во сениорска конкуренција.