САКАМЕ МАРГИНАЛИЗИРАНИTE ДА СТАНАТ ВИДЛИВИ, ЈА ПРЕНЕСЕ МИЛА ЦАРОВСКА ПОРАКАТА НА ВЛАДАТА НА ПАРАДАТА НА ГОРДОСТА

    САКАМЕ МАРГИНАЛИЗИРАНИTE ДА СТАНАТ ВИДЛИВИ, ЈА ПРЕНЕСЕ МИЛА ЦАРОВСКА ПОРАКАТА НА ВЛАДАТА НА ПАРАДАТА НА ГОРДОСТАУчесници на првата Парада на гордоста што денеска се одржа во Скопје. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Тамара Тодевска од Школка во Градскиот парк, крајната дестинација на денешната прва Парада на гордоста им ја отпеа на присутните стотици граѓани и активисти и припадници на ЛГБТ заедницата од дома и од странство евровизиска „Горда“ (Proud). Рече дека е дојдена на денешната Парада, од љубов.

    Граѓани од сите генерации, многу учесници од Грција, Србија, Црна Гора и од други странски држави, дојдоа да дадат поддршка на првата Парада на гордоста денеска во Скопје. Организатор на настанот е ЛГБТ мрежата. Маршот тргна од Паркот Жена Борец пред ГТЦ, мина низ центарот и пред Владата и заврши на Школка во Градскиот парк, каде продолжи со говори и журка.

    Тамара Тодевска ја отпеа евровизиската „Горда“ (Proud) на Парадата на гордоста. (Фото: К. Попов)

    Каја Мор, трансродово лице од Чикаго, родум од Струга ги поздрави учесниците на парадата на гордоста во фустан и елементи од познатата струшка народна носија.

    Кочо Андоновски, најавен како „човекот кој прв излезе од плакарот“, рече дека никој не е слободен додека сите не сме слободни. Странските амбасадори на Холандија, Франција, в. д. амбасадорката на САД и други, се присутни на Парадата докрај.

    Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска кажа дека владата со измена на законите овие две години што ја засега ЛГБТ заедницата, но и со намерата тие да се применат, сака овие маргинализирани групи да ги направи видливи и да не ги изгуби како потенцијал за државата.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира