Мал авион се урна во аеродромски хангар во Тексас при што загинаа сите 10 лица во авионот. Авионот, двомоторен Бичкрафт БЕ-350 Кинг Ер, се урна набрзо по полетувањето на аеродромот Адисон.
Авионот неочекувано сменил насока и се удрил во хангарот по што експлодирал, кажаа од локалната противпожарна служба.
Спасувачките тимови пристигнаа брзо на местото на несреќата, околу 17 километри северно од Далас, но немало преживеани.
Во хангарот немало никој кога се урнал авионот.