КУРБАН БАЈРАМ

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:155:"Девизнитештедачијаимаатпоследнаташансадастанатакционеринапропаднатифирми

    1. Конечно обелоденетиот податок дека парите од девизните штедни влогови на граѓаните од Републиката не се пренесени надвор, во Народната банка на бив­шата Југославија, туку останале тука, ама се изгубиле некаде низ стопан­ството, ќе остане забележан во поновата историја на Македонија како прво приз­нание дека, ете, имало некоја работа за која виновниците не се наоѓаат надвор и дека граѓаните всушност ги испокрала нивната држава.
    Сознанието дека оваа работа нема никаква врска со унитаристичкот Белград предизвика длабоко разочарување кај гневните штедачи, само објаснувањето дека немало никакви манипулации со нивните пари, освен што им биле давани на македонските стопанственици за покривање на загубите, успеа малку да ги орас­положи, сфаќајќи дека се работи за добра шега. Зашто, може ли да се употреби друг збор освен терминот “манипулација” кога некој ќе ти ги земе парите, за да му ги даде на друг, а тебе воопшто да не те прашува за тоа.
    Идеите, пак, на оштетените штедачи да им се доделат акции на самоуправно приватизираните фирми, како надомест за парите што им биле земени, веќе никој не ги сфаќа како шега, туку како сериозна загриженост за умственото здравје на авторите на таа генијална замисла. Така, богатите гастарбајтери, со по неколку стотици илјади марки во штедните книшки, ќе станат акционери на пропаднати фирми.
    Тоа не е ништо чудно, затоа што станува збор за Македонија. Впрочем,  и акционерите што седат во управните одбори на банките всушност ги претставуваат пропаднатите фирми. Порано, кога, нели, владееше едноумието и кога бевме социјалистичко самоуправно општество, тие само имаа друго име – се викаа коминтенти, односно основачи. Местото каде што одлучуваа кој колкав кредит ќе си земе се викаше Собрание на банката.
    Оние со дебели конта во книшката, бидејќи повеќето работеле во странство, многу не се разбираат во нашата специфична терминологија. Ама знаат дека парите им ги нема и дека во банките каде што ги оставиле на чување, повторно одлучуваат тие што им ги зеле.

    2. Така “драстични” промени не се направени само во банките. Радикално изменетата ситуација во нашето ново општество, во кое ни цути пазарната еко­номија, прогресот го предизвикува силната конкуренција и борбата за престиж во што поквалитетна стока и услуги со што помала цена, се гледа токму деновиве, кога почнува да се урива антиинфлационата програма.
    Самоуправните акционери од незначајните сектори во стопанството, кои ние неоправдано ги нарекуваме монополисти, како во старите добри времиња кога наместо А.Д. беа О.З.Т., штом се најдат во тесно, бараат нови цени. Сега, бидејќи се пазарно ориентирани, некои не се ни консултираат. Ете, Топли­фикацијата поскапе преку ноќ, тајно – потајно не може да биде. Пред неа, со тројно повисока цена нé израдуваа поштарите. Тоа им дојде како наплата за квалитетниот теле­фонски сообраќај со кој ни дозволуваат да се луксузираме, да добиеме слободна линија по само 5-10 минути “мртов” телефон. “Макпетрол” дури почна да фор­сира и бонови за бензин, за да врши притисок за нова цена. Најмногу поддршка на антиинфла­циониот пакет на Владата му даваат струја­џиите. Бараат “ситно” покачување од околу 200 од сто.
    Ако од сето ова му се смачи, човек не може ни да умре без од него да не се на­прави профит, како во вистинско пазарно општество. Навистина, фалинка е што и умирањето, исто како и телефонирањето, трошењето струја, точењето бензин, е без конкуренција. “Бутел” е единствено погребно претпријатие. Добра работа пак е што човек може да испушти душа, а да се чувствува како господин. И тоа е акционерско друштво. И тоа, со оглед на познатите состојби во здравс­твото, работи како високопрофитабилна фирма. Со репроматеријали од домашни извори. Грозно.

    3. Насекаде промени. Најмногу во Штип. Таму трае предизборната трка за само едно пратеничко место во Собранието на Македонија. Мора да е многу вредно, кога сé што можеше да се регистрира како партија во Македонија истакна свој кандидат. Па, родниот град на претседателот на Републиката и на премиерот стана арена на меѓупартиски пресметки.
    Сосема случајно, претседателот Киро Глигоров се појави во родниот град и ја посети тамошната библиотека. Вечерта Телевизијата како што е ред емитуваше подолг извештај од тој настан и тоа со тонски запис од прес-конференцијата на претседателот во Штип. И го пушти токму тој дел, каде што тој, божем не сакајќи, ги коментира нападите на неговата личност, направени пред неколку дена во рамките на предизборното претставување на една од партиите. Не го спомна името на Љупчо Георгиевски.

    4. Не се споменува ни името на нашата држава, коешто евентуално би го прифатиле за да не им го скршиме атерот на кумовите од Европската заедница. Мене многу ми се допаѓа она “Бившата југословенска република Македонија”. Скратно БЈРМ. Тоа за надворешна употреба. За домашна пак, за да не го кршиме  јазикот, ќе си се викаме БАЈРАМ. Така ќе ги исполниме двете барања, и она за “Бившата…” и она за две имиња, едно вистинско, друго прекар, или нагалено.
    Ќе продолжиме да си правиме бајрам на умот дека Европа искрено прави напори да нé признае. Само да не отидеме курбан. Ќе се викаме Курбан Бајрам.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира