ТРИ ГОДИНИ ПО НЕУСПЕШНИОТ ПУЧ, ТУРЦИЈА УАПСИ УШТЕ 200 ЛУЃЕ ЗА НАВОДНА ПОВРЗАНОСТ СО ФЕТУЛА ЃУЛЕН

    ТРИ ГОДИНИ ПО НЕУСПЕШНИОТ ПУЧ, ТУРЦИЈА УАПСИ УШТЕ 200 ЛУЃЕ ЗА НАВОДНА ПОВРЗАНОСТ СО ФЕТУЛА ЃУЛЕНВладата изјави дека ваквите мерки се неопходни бидејќи Турција се наоѓа под постојана закана (Фото: Ројтерс)

    Турските обвинители наредија апсење на речиси 200 воени лица и неколку цивили поради наводна поврзаност со мрежата што Анкара ја обвинува за организација на неуспешниот пуч пред три години.

    Агенцијата „Анадолу“ објави дека бил издаден налог за апсење на 176 припадници на војската од сите родови. Меѓу нив имало и неколкумина со високи чинови. Апсења на членови на армијата имало и во Измир, како и во неколку други провинции.

    Анкара го обвини религиозниот лидер Фетула Ѓулен за организирање на обидот за пуч во јули 2016 година, кога загинаа околу 300 луѓе. Во меѓувреме, десетици илјади луѓе беа затворени, а голем број јавни службеници беа избркани од работа или суспендирани.

    Владата изјави дека ваквите мерки се неопходни бидејќи Турција се наоѓа под постојана закана и вети дека ќе ја искорени мрежата на Ѓулен од јавните институции и од цивилниот живот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира