ПЕНДРЕК СТОПАНСТВО

a:1:{s:11:"td_subtitle";s:197:"Сложенатафинансискаоперацијаподшифра"Танкер"завршенанаопштозадоволствонаграѓанитенаМакедонија

    1. Работејќи систематски и долгорочно на подигањето на општото ниво на достоинството на граѓаните на Република Македонија, Владата во оставка, за која нејзиниот премиер имаше обичај да каже дека со сета љубов и знаење им прио­ѓа на проблемите, конечно им стави крај на понижувањата на возачите, кои со денови чекаа да наполнат бензин во своите возила. Мора да ѝ се честита на бравурозно изведената акција, со која нé доведе до такво дереџе, па боновите за бензин ги пречекавме со општо воодушевување. Дури и сме и длабоко благодарни што државата и нејзиното милениче “Макпетрол” така великодушно ни овозможуваат да се луксузираме со 10 литри повеќе отколку она што неофи­цијално веќе цел месец ни го најавуваа. Сега изненадени од дарежливоста нема да знаеме што да направиме со многуте 40 литри.
    Она што посебно ја јакне довербата кон државата е фактот дека организаци­јата на поделбата на боновите ќе оди преку Министерството за внатрешни работи. Што самото по себе доволно зборува дека во моментов во Македонија нема поорганизирана институција од полицијата. Можеше во овие критични моменти да ја испробаат и армијата, па по бонови наместо кај полицајците да одевме по касарните. Но, премногу ќе личеше на воен комунизам. Вака остануваме цивилно општество. Во кое и понатаму ќе можеме слободно да си ги возиме своите фиќовци, беемвеа и тојоти. Тоа што комунистичката теорија за еднакви стомаци сега е применлива за еднакви резервоари и сосема спротивна на пазарното стопанство за кое го лажеме светот дека се залагаме, кај обичниот чекач пред бензинската пумпа предизвикува сосема човечка и логична реакција. Бидејќи од лошо секогаш може да има полошо, Владата маестрално ги доведе обичните луѓе во ситуација сами да си го бараат комунизмот. Добро е и што има бензин. А и од доброто има уште подобро. На пример, освен четириесетте литри што ќе ти ги даде полицијата, да си доземеш бонови за уште 10-20 литри на црната берза. Така што, сé на сé, и не е така црно. Замислете, бонови да ни даваат и за детергенти, масло за јадење, шеќер, брашно… Па и нив да ни ги дели поли­цијата!?

    2. Државјаните на Македонија конечно можат мирно да спијат. Министер­ство­то за стопанство, “Макпетрол” и Рафинеријата успешно ја завршија најсложената финансиска операција под шифра “танкер”. Десет дена нацијата се потресуваше од каде ќе соберат пари, па во која банка ќе се префрлат, па секој ден стискавме палци за потпишување на некакви акредитиви, па учевме нови зборови, се запознававме со технолошкиот процес во Рафинеријата, сега ќе молиме бога Грците да не ни ја затворат границата… Којзнае колку се потресуваат граѓаните на други држави што се побогати од нас, па почесто купуваат танкери!?
    Толку бевме преокупирани со пустиот танкер, така што длабоко влезен во потсвеста на некои луѓе, предизвикувајќи посебна ментална состојба, се рефлек­тираше и на митингот за признавањето на Македонија во Скопје. Па луѓето пееја за Македонија што “…има море, има море, зад Солунско Поле…”. А во Солунскиот Залив пловат танкери, танкери… И ние со копнеж во очите “шараме” по морската шир и се прашуваме: “Ех, кој ли е нашиот танкер, со шеесетте тони сурова нафта од Русија, што рафинеријата ќе ја “вработи” цели петнаесет дена, а потоа “Макпетрол” ќе ни го продава правично и на сите еднакво, а ние со радост во душата ќе се возиме секој втор ден до работа и дома!” И тука несо­пир­ливо надираат освојувачки амбиции, длабоко сокриени уште од времето на Коминтерната и Тито, па во недостиг на мирис на бензин комбиниран со револ­тот кон Европа што не сака да нé признае поради Грција, душата не може да издржи и крикнува: “Солун е наш!” Заедно со сите танкери во солун­ското пристаниште.

    3. Какви значајни чекори презеде Владата во деновите откако ѝ беше изгласана недоверба во Парламентот, Мицотакис ќе мора сериозно да се замисли. Којзнае, можеби ќе продолжат експертите со своите очајнички и осветољубиви потези, од типот на овие со кадровските промени по министерствата, па на некој можеби ќе му текне да му го земе Солун. Мотиви има доволно. Ем ќе му се ре­­ван­­шираат за непризнавањето, ем ќе ѝ се одмаздат на Европа.

    4. Врв на политички невкус, отсуство на партриотизам и несериозност беше паролата “Чиста Македонија!”, извикувана на митингот во неделата во Скопје. Зачудува колку постои неразбирање за тешката материјална ситуација, во којашто се наоѓа државата. И – наместо сите да се фрлиме на штедење и да не им правиме проблеми на државните органи, таму некои и бараат чиста Маке­донија.
    Па, нема дизел. И “Комуналец” многу убаво предупреди дека со своите камио­ни-цистерни нема секој ден да ги мие улиците. И контејнерите со ѓубре нема да ги собира од споредните улици. Нема “суровина” за чиста Македонија.

    Се согласувам со политиката на приватност
    Внесете валидна е-маил адреса
    Емаил адресата е веќе регистрирана!
    The security code entered was incorrect
    Линкот за потврда на регистрацијата е испратен на Вашата е-маил адреса...

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира