ТОШО ФИЛИПОВСКИ ОБЕДИНИ 333 ВИНИЛНИ ИЗДАНИЈА ВО СВОЕТО ВТОРО КАПИТАЛНО ДЕЛО

    ТОШО ФИЛИПОВСКИ ОБЕДИНИ 333 ВИНИЛНИ ИЗДАНИЈА ВО СВОЕТО ВТОРО КАПИТАЛНО ДЕЛОМонографијата „Македонска дискографија-винили (1958-2019)“ ќе биде промовирана вечерва во паркот зад МКЦ

    Една година по објавувањето на „Македонската рок енциклопедија“, долгогодишниот музички новинар Тошо Филиповски вечерва ќе промовира уште едно капитално дело за македонската музичка историја.

    Филиповски овојпат се фокусира само на винил изданијата што ги имаат објавено македонските музичари и групи, што ги обедини во монографијата со наслов „Македонска дискографија-винили (1958-2019)“.

    Иако во книгата на 480 страници се претставени дури 333 винилни изданија објавени во овој период, како и во случајот со „Македонската рок енциклопедија“, ова е само прв том од оваа колекција.

    Самото претставување на монографијата ќе почне во 21.15 часот, но настанот што ќе се одржи во паркот зад Младински културен центар во Скопје ќе има целовечерен карактер. Од 19.45 часот ќе се преслушуваат две компилации објавени од „Корпус деликти рекордс“, „Колку гласно морам да викнам за да ме чујат?“ и „Има ли забава – Macedonian New Wave 1981-1985“, а потоа до полноќ ќе има концерти.

    Промоцијата е дел од настанот „МКЦ за Скопје“.

    Г. КОНЕВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира