ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА СО 150.000 ЕВРА

    ХОЛАНДСКАТА ВЛАДА ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА СО 150.000 ЕВРАМинистерката за труд и социјална политика Мила Царовска и в.д. амбасадорот на Кралството Холандија Андри ван Менс денеска потпишаа потпишаа договор кој обезбедува поддршка во висина до 9,144,300 денари за имплементација на Истанбулската конвенција. (Фото: Министерство за труд и социјална политика)

    Холандската влада обезбеди финансиска поддршка од 150 илјади евра за реализација на активности во рамки на Националниот акциски план за спроведување на Истанбулската конвенција, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Со средствата, ќе се изработат стандарди за давање на специјализирани услуги на жртви на родово-базирано и семејно насилство и стандардни за оперативни процедури и на овој начин ќе се обезбеди поефикасна заштита на жртвите од родово базирано и семејно насилство, како и навремена и соодветна интервенција на надлежните служби.

    „Многу ми е драго што нашите напори како Влада и Министерство за справување со родово базираното и семејно насилство се видливи и препознаени. Им благодарам на нашите пријатели и партнери од Холандија за оваа значајна поддршка. Борбата за еднаквост и заштита на сите ранливи категории останува наш врвен приоритет. Во таа насока подготвуваме нов закон за превенција и заштита од сите форми на насилство врз жената, кој се очекува да биде финализиран до крајот на годината. Со овој закон за првпат ќе биде воспоставен еден севкупен систем и мултисекторски пристап кон превенцијата и заштитата од насилство“, изјави Царовска, по потпишувањето на договорот за поддршка со в.д. амбасадорот на Кралството Холандија Андри ван Менс.

    В.д. амбасадорот Ван Менс кажа дека промоцијата и унапредување на владеење на правото и човековите права, вклучително и правата на жената во целиот свет, е носечки столб на холандската надворешна политика.

    „Личната и општествената цена на насилството врз жената е преголема. Истанбулската конвенција дава силен поттик за превенција и борба против семејното насилство и насилството врз жените. Токму затоа, горд сум што можеме да придонесеме кон тековните активности на Владата, особено на Министерството за труд и социјална политика, за справување со овие појави преку системски и сеопфатен пристап, заедно со граѓанското општество и останатите релевантни чинители во оваа област“, изјави Ван Менс.

    Дополнително, ќе се спроведат општи и обуки за даватели на специјализирани услуги на жртви на родово базирано и домашно насилство. Како резултат на ова ќе добиеме 15 обучени национални тренери, кои ќе можат понатаму да обучуваат дополнителни кадри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира