Специјално за САКАМДАКАЖАМ.МК од Минхен: Даниела Стојановиќ – Каргов
Нема туристи меѓу жртвите во вчерашниот терористички напад во Минхен, соопшти баварската полиција. Според истрагата што до сега е спроведена и по претресот на станот во кој што живеел со своите родители , напаѓачот, Германец со иранско потекло, полицијата не нашла докази за политичка мотивираност или некаква врска со ИСИС.
Се претпоставува дека имал психички проблеми оти, во собата му биле пронајдени книги и материјали со водичи како се убиваат луѓе.
Оружјето со кое пукал е со австриско потекло, 9 милиметарски „глок“ и се истражува од каде е набавено.
Покрај деветте жртви, плус напаѓачот кој се самоубил, повредени се 27 лица, меѓу нив и деца. Меѓу жртвите повеќемина се на возраст од 13 и 20 години.