ЛЕТНИТЕ ПОЖАРИ НА АРКТИК СЕ ВООБИЧАЕНА ПОЈАВА, НО НИКОГАШ НЕ БИЛЕ СО ВАКВИ ОБЕМ И ИНТЕНЗИТЕТ

    ЛЕТНИТЕ ПОЖАРИ НА АРКТИК СЕ ВООБИЧАЕНА ПОЈАВА, НО НИКОГАШ НЕ БИЛЕ СО ВАКВИ ОБЕМ И ИНТЕНЗИТЕТКако последица на пожарите, во јуни и јули во атмосферата биле испуштени 400 мегатони јаглероден диоксид (Фото: Гети)

    Веќе неколку недели, врвот на светот е во оган. Како последица на рекордно високите температури и силните ветрови, горат огромни пространства на Арктик, од Алјаска до Сибир и научниците ја опишуваат ситуацијата како нешто невидено досега.

    Сателитските снимки од 28 јули покажаа дека стотици пожари горат само во Сибир, проширувајќи се на површина од три милиони хектари. Низ Аљаска дивеат околу 400 пожари од средината на јули, а и топењето на мразот на Гренланд достигна алармантни димензии.

    Обемот и интензитетот на шумските пожари кои почнаа уште во јуни се најголеми откако пред 16 години нив почна да ги следи сервисот за набљудување на атмосферата „Коперник“ на Европската Унија. Иако летните пожари не се нешто необично за Арктичкиот Круг, научниците се изненадени од нивното траење.

    „Во поголемиот дел од јули имаше меѓу 250 и 300 ‘жешки точки‘ северно од Арктичкиот Круг, што е пет-шест пати повеќе од вообичаено“, вели Марк Парингтон, виш научник од „Коперник“.

    Само оваа недела, во Сибир изгорела површина од 20.800 квадратни километри, што е рамно на големината на Белгија, што ја натера Москва да испрати војска за да се справи со ситуацијата.

    „Како последица на пожарите, во јуни и јули во атмосферата биле испуштени 400 мегатони јаглероден диоксид“, додаде Парингтон.

    Од топлото време настрада и Гренланд, кадешто минатиот месец се истопиле над 200 милијарди тони мраз.

    „Екстремите се природен дел од климатскиот систем, но проблемот е што екстремно високите температури сега стануваат поредовни“, вели климатологот Ахира Санчес-Луго.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира