БИБЛИОТЕКАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ВО СКОПЈЕ ОД СЕПТЕМВРИ ЌЕ ИМА РЕНОВИРАНИ ЧИТАЛНИ И ОДДЕЛИ ЗА КНИГИ

    БИБЛИОТЕКАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ВО СКОПЈЕ ОД СЕПТЕМВРИ ЌЕ ИМА РЕНОВИРАНИ ЧИТАЛНИ И ОДДЕЛИ ЗА КНИГИСо реконструкцијата која ја врши Град Скопје се опфатени одделот за странска литература, одделот за стари и ретки книги и архивски примероци, малите читални наменети за магистранти и докторанти, конференџиската сала и електронската читална.(Фото: Град Скопје)

    Библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје од септември ќе има комплетно реновиран втор кат. Град Скопје месецов врши реновирање на објектот со површина од 1.000 метри квадратни.

    Со реконструкцијата се опфатени одделот за странска литература, одделот за стари и ретки книги и архивски примероци, малите читални наменети за магистранти и докторанти, конференциската сала и електронската читална.

    „После долг временски период во тек е комплетно реновирање на вториот кат во градската библиотека. Со тоа ќе овозможиме подобри услови за работа на вработените и квалитетни услуги на корисниците на библиотеката“, велат од Град Скопје.

    Покрај зафатите во оваа библиотека, од Град Скопје инфромираат дека и во библиотеката „Другарче“ во тек е поставување на товарен лифт, кој ќе биде наменет за пренесување на книги кои се обработуваат во одделението за обработка на книжен фонд и истите потоа се дистрибуираат до сите 18 библиотеки кои се во составот на Градска библиотека „Браќа Миладиновци“.

    За овие активности Град Скопје од буџетот одвои околу 15.000.000 денари.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира