АЦО КОЛЕВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

    АЦО КОЛЕВСКИ НОВ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ НА ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИНовиот претседател на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски (десно) беше избран едногласно од колегите. (Фото: МИА)

    Нов претседател на Советот на јавните обвинители е Ацо Колевски. Тој беше избран едногласно од членовите на Советот на денешната седница, а немаше противкандидати.

    Колевски е член на Советот на јавни обвинители од февруари 2018 година кога беше избран од редот на јавните обвинители и дојде на местото на Љубомир Јовески, кој стана државен јавен обвинител.

    Колевски е потписник на Барањето за заштита на законитоста (БЗЗ) кое Јавното обвинителство на чело со Марко Зврлевски во мај 2017 го достави до Врховниот суд со барање за укинување на притворот за бизнисменот Сеад Кочан кој беше во бегство.

    Врховниот суд го спаси Кочан од притвор, откако Колевски поднесе БЗЗ со кое се замеша во работата на Специјалното обвинителство. На барање на СЈО, Кривичниот и Апелациониот суд Скопје му одредија притвор на тогаш осомничениот во „Труст“ Кочан. Веднаш петчлениот Кривичен совет на Врховниот под раководство на Јово Вангеловски постапи и најде неправилности во одлуките на двата пониски суда, по што му ја укина мерката притвор. Кочан по оваа одлука на Врховниот суд иницирана од Колевски, се врати од бегство.

    Колевски доаѓа на местото на Коле Штерјев кој беше избран од 31 август 2017 година. Мандатот на претседателот на Советот на јавни обвинители трае две години, без право на реизбор.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира