Откако њујоршките власти во јуни, среде најголемата епидемија на мали сипаници од 1992 година, ја укинаа можноста за невакцинирање од верски причини, родителите на илјадници деца се најдоа пред тежок избор: тие да бидат вакцинирани или да не одат на училиште.
Според Министерството за здравство, повеќе од 26.000 деца од јавни и приватни училишта не примиле вакцини од верски причини и тие сега имаат рок од 14 дена да ја примат првата доза за секој вид имунизација и во наредните 30 дена мора да ја закажат втората.
Некои родители кои се противат на вакцинирањето избрале да ги повлечат своите деца од училиште.
„Тие што избрале вакцинирање не го прават тоа затоа што нивните верувања се промениле. Но, не мислиме сите така да постапиме“, вели Џина Гентри, која избрала нејзините четири деца да учат дома оваа есен.
Њујорк е четвртата сојузна држава, по Калифорнија, Мисисипи и Западна Вирџинија, која ги укина верските и личните мотиви како причина за невакцинирање. Од повторната појава на мали сипаници во октомври 2018, во градот Њујорк имало 654 заразени и уште 414 во целата држава. Повеќето од нив биле во локалните еврејски заедници.