НЕМА РАЗЛИКА ДАЛИ ЈАНЕВА ЌЕ БИДЕ РАЗРЕШЕНА ИЛИ ЌЕ Ѝ ИСТЕЧЕ МАНДАТОТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ДЕСКОСКА

    НЕМА РАЗЛИКА ДАЛИ ЈАНЕВА ЌЕ БИДЕ РАЗРЕШЕНА ИЛИ ЌЕ Ѝ ИСТЕЧЕ МАНДАТОТ, ВЕЛИ МИНИСТЕРКАТА ДЕСКОСКАЗа Законот за јавно обвинителство, за кој СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веќе шест месеци без успех преговараат, министерката за правда Рената Дескоска рече дека тој веќе не е неопходен, но е добро да се донесе. (Фото: К. Попов)

    Министерката за правда Рената Дескоска вели дека нема разлика дали специјалната обвинителка Катица Јанева ќе биде разрешена или ќе ѝ истече мандатот во поглед на постапувањето по предметите на СЈО, кои што денеска веќе се преземаат од Јавното обвинителство. Мандатот на Јанева истекува на 15 септември, а во Собранието сѐ уште не е закажана пленарна седница за нејзино разрешување, откако Комисијата за избори и именувања усвои предлог за нејзино разрешување поради несовесно работење. Таа е во притвор од 21 август како осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања во случајот „Рекет“.

    За Законот за јавно обвинителство, за кој СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ веќе шест месеци без успех преговараат, таа рече дека тој веќе не е неопходен, но е добро да се донесе, бидејќи, како што кажа, е дел од стратегијата за вкупни реформи во правосудството, а и за да не дадеме оправдување на некоја земја членка на ЕУ да се противи на отворањето преговори за членство поради технички причини.

    „Од аспект на ургентноста што беше пред предавањето на предметите, сега веќе е поизвесно и тој дел на потреба од брзање отпадна, така што тој процес на предавање на предметите гарантира дека предметите на СЈО ќе продолжат“, изјави Дескоска по обраќањето на почетокот на твининг-проект што ќе обезбеди поддршка за Јавното обвинителство, министерствата за правда и за внатрешни работи, Финансиската полиција и Царинската управа во зајакнувањето на истражните центри.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира