ИСТРАЖУВАЊЕТО ВО КОЕ СЕ МЕРЕШЕ ТЕМПЕРАТУРАТА НА ТЕСТИСИ ДОБИ ИГ НОБЕЛОВА НАГРАДА

    ИСТРАЖУВАЊЕТО ВО КОЕ СЕ МЕРЕШЕ ТЕМПЕРАТУРАТА НА ТЕСТИСИ ДОБИ ИГ НОБЕЛОВА НАГРАДАВо истражувањето учествувале 22-ца француски поштари и возачи на автобуси (Фото: Гети)

    Истражување кое мереше дали има разлика во температурата помеѓу левиот и десниот тестис е еден од добитниците на годинашните Иг Нобелови награди, со кои се величат необични „научни“ постигнувања.

    Како пример во истражувањето на експертите за плодност Роже Миусе и Бура Бенгудифа послужиле тестиси на француски поштари, чија температура била мерена кога биле голи и облечени. Тие заклучиле дека левиот тестис е потопол, но само кога маж носи облека.

    Во истражувањето насловено „Термална асиметрија на човечкиот скротум“ учествувале 11-мина поштари кои стоеле 90 минути, а температурата се мерела на секои две минути.

    Во друг експеримент, тие ја мереле температурата на тестисите на 11-мина возачи на автобуси додека седат.

    Иг Нобели се пародични награди, но истражувањата многу често имаат сериозни цели. Во случајов, Миусе и Бенгудифа сакале да докажат дека температурата околу тестисите може да влијае врз плодноста.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира