ЗЛАТНА ВЕЦЕ ШОЛЈА УКРАДЕНА ОД АНГЛИСКА ПАЛАТА ДВА ДЕНА ОТКАКО БЕШЕ ОТВОРЕНА ЗА ЈАВНОСТ

    ЗЛАТНА ВЕЦЕ ШОЛЈА УКРАДЕНА ОД АНГЛИСКА ПАЛАТА ДВА ДЕНА ОТКАКО БЕШЕ ОТВОРЕНА ЗА ЈАВНОСТЗлатната шолја е дело на италијанскиот уметник Мауризио Кателан, кој во 2017 му ја понудил на Доналд Трамп (Фото: Гети)

    Веце шолја направена од 18-каратно злато е украдена од англиската палата Бленхајм само два дена откако беше отворена за јавност.

    Станува збор за дело на италијанскиот концептуален уметник Мауризио Кателан наречено „Америка“, кое во 2017 година му беше понудено на Доналд Трамп во Белата куќа.

    Локалната полиција објави дека банда упаднала во палатата во раните утрински часови и ја однела шолјата, при што предизвикала сериозни оштетувања и поплава, имајќи предвид дека таа била поврзана на санитарната мрежа во зградата и можела да се користи. Шолјата засега не е пронајдена, но во врска со грабежот бил уапсен 66-годишен маж.

    Палатата од 18. век се наоѓа под заштита на УНЕСКО и е роден дом на Винстон Черчил.

    Посетителите на изложбата на Кателан можеа слободно да ја користат шолјата, при што тоа беше ограничено на три минути за да се избегнат редици.

    „Веруваме дека група криминалци користела најмалку две возила при грабежот. Уметничкото дело засега не е пронајдено“, изјави детективот Џес Мајлн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира